Dexion – светски лидер во решенија за складирање

  • За нас

Dexion – светски лидер во решенија за складирање

Constructor Group AS е водечки пан – европски производител и обезбедувач на високо квалитетни индустриски и комерцијални решенија за складирање, кои ги пласира на пазарот во Европа под заштитните знаци Constructor, Bruynzeel, Kasten, Dexion и PSS.

Сопственост од 2007 на Altor Funds II, Constructor Group е третиот најголем обезбедувач на решенија за складирање за индустрискиот сектор во Европа и најголем во комерцијалниот сектор.

Нашите производи варираат од иновативни палетни сталажи и технологија за полици до канцелариски и архивски решенија за складирање. Во рамките на групацијата имаме долги години искуство и стручност кои ги применуваме во соработка со нашите клиенти за да ги обезбедиме најдобрите решенија.

Испорачуваме повеќе отколку само производи и можеме да обезбедиме целосен пакет на услуги кои вклучуваат консултантство, планирање и одржување ако потребата е за опремување на склад или дистрибутивен центар или пак решенија за полици за музеј, канцеларија или библиотека.

Какво и да е вашето барање, Constructor Group може да оствари уникатен придонес кон подобрување на вашиот бизнис со обезбедување на првокласна работна и складишна околина.

Структура – Држави и луѓе

Со обрт од приближно 330 милиони Евра, над 1200 вработени и модерни фабрики за производство стратешки лоцирани на клучните пазари во Русија, Романија, Холандија, Германија и Финска, Constructor Group е водечка сила во индустријата за складирање. Групацијата има силно локално присуство низ Европа како и продажна мрежа низ остатокот од светот вклучувајќи ги Африка, Блискиот Исток, Северна и Јужна Америка.