Историја на Dexion

  • Историја на Dexion

Историја на Dexion

Dexion е создадена од Димитриус Комино, 50 годишен грчко–австралиски државјанин кој ја избрал Велика Британија за свој дом. Тој примарно започнал бизнис за печатење кој набрзо работел добро и Комино започнал да бара придобивки за ефикасноста на неговиот бизнис.

Dexion аголот со дупчиња бил одговор на едно од неговите прашања за ефикасност, како да изградите сталажи за складирање на хартија и вид кој може брзо да добие ниска цена и повторно да се употреби?

До 1947, експериментите на Комино резултирале во материјал за врамување погоден за конструкциски цели. Аголот со допчиња на Dexion ( од старогрчкиот збор за вистинско) бил посилен по тежина од дрвото и можел да се складира во дел од просторот потребен за дрвени греди со слична јачина.

И така бил создаден првиот прилагодлив систем за складирање. Dexion подоцна  преминал во системи за полици и сталажи изградени со дизајнерски цели.

Повеќе за историјата на Dexion можете да пронајдете на веб страната на Комино Фондацијата.

Во 2005 година Dexion станува дел од Constructor Group. Оригинално основана во 1856г., името Constructor Group е усвоено во 1996г. следејќи го припојувањето на Electrolux Constructor со Kasten Hovik. Оттогаш компанијата расте во големина и статут и стана лидер на пазарот следејќи политика на стекнување и раст.

Constructor Group сега се базира на пет клучни брендови: Constructor, Bruynzeel, Dexion, PSS and Kasten. Секој бренд е граден повеќе децении и сега е лидер на пазарот во својот домен.