Единица за селектирање и пренос на картонска амбалажа

Опис

Единица за селектирање и пренос на картонска амбалажа

Dexion единицата за селектирање и пренос на картонска амбалажа е витален дел од синџирот за снабдување на компоненти на производните ленти и подвижните ленти. Направена е станица за селектирање изградена врз решетка и опремена со тркала коишто се користат за превоз на компонентите до собирната станица.

Лентите со тркала исто така можат да се користат и во магацини, како дел од целокупниот логистички процес. Товарење на една страна и истоварување на спротивната според принципите на FIFO (Прв внатре, прв надвор).

Dexionсистемитеза пренос на картонска амбалажа се изградени или како неподвижни единици или се надополнуваат со тркала коишто можат да се заклучат, со што овозможуваат брзи и едноставни промени во дизајнот на магацинот. Утоварот и истоварот се поделени во два различни коридори и селекцијата може да се спроведува без прекини.

Полиците се прилагодливи и ергономски дизајнирани, со цел да се добие ефикасно ракување за работниците.

Складирањето во овие системи за пренос на картонска амбалажа има големи економски предности, што се должи на фактот дека картоните се чуваат густо пакувани, ослободувајќи простор во споредба со традиционалните методи на складирање, додека, исто така го намалува времето на патување и растојанието помеѓу полиците за чување и селектирање.

Асортиман

Единица за селектирање и пренос на картонска амбалажа

Системот за пренос на картонска амбалажа може да се изгради како „самостојна“ единица, независна, со или без тркала, или може да биде вграден во палетите со полици, понекогаш на пониските нивоа под крупните стоки.

Опцијата за прилагодување на полиците и тркалата за да одговараат на различните барања, го прави системот погоден за многу големини и тежини на пакети. Модуларниот систем во комбинација со едноставната и брза инсталација ги прават обновувањата и промените во дизајнот навистина лесни.

Ширината на шините може да се прилагоди во растојание од 11,5 милиметри. Шините за тркалата се испорачуваат со водечките шини, со цел да се поедностави утоварот. Разделувачи управуваат со стоките кои се пренесуваат во права линија за да се избегнат штети. Шините на тркалата се произведени од галванизирани челични профили, а ваљакот е направен од високо- квалитетен полиетилен.

Основна улога на системот за пренос на картонска амбалажа е да биде модуларен и лесно променлив. Бројот на нивоа на полици може да се прилагоди во зависност од начинот на ракување со стоките и картоните, односно дали се работи рачно или со вилушкар. Бројот на селекциите по единица време е неограничен.