Мобилни палетни сталажи

Мобилни системи за складирање на палети

Опис

Мобилни системи за складирање на палети

MOVO, решението со системи за складирање на палети на Dexion, е оптимално решение за складирање коешто нуди густо складирање на палетите и помага да се намалат трошоците за нова градба или нуди можност за подобро и поефикасно искористување на магацинскиот простор. 

Електронски контролираниотMOVO мобилен систем за складирање на палети во тешки услови, работи со вградени шини и има носивост до 24 тони греди на полици на висина до 12 метри, со траки до 90м.

Кога ќе се отворат различните патеки, најмодерната технологија на сензори и варијабилни контролни опции обезбедува олеснување на работењето и апсолутна безбедност.

Благодарение на широк спектар на додатоци, MOVO е погоден за било каков вид на складирани стоки и гарантира безбедност при работата на температури ниски до -30 ° Ц, што го прави идеален за употреба во студени простории за складирање.

Предности

  • Максимално искористување на простор -само еден оперативен коридор
  • Заштеда до 40% од просторот потребен за конвенционалните палети
  • Алтернативно зголемување на капацитетот за складирање до 80%
  • Добриот процент на зафатеност помага да се намалат сметките за енергија во ладилниците
  • 100% пристап до секоја посебна палета
  • Модуларен дизајн којшто се приспособува на сите барање
  • Безбедност во 

Асортиман

Мобилни системи за складирање на палети

Модуларниот дизајн на MOVO системите подразбира лесно дизајнирање на најефикасна и најповолна инсталација за секоја ситуација. Шините, базите и системот за контрола го даваат најдобриот можен одговор на Вашите барања и градби. MOVO може да се користи и за тесни коридори низ кои поминуваат помали вилушкари и за широки коридори низ коишто поминува стандарден камион вилушкар.

Во дополнение на стандардните MOVO контроли, постојат голем број на изборни методи за контрола коишто може да се користат за да се забрза Вашата работа или да се обезбеди сигурна контрола на стоките.

 MOVO може да се прилагоди на Вашите барања за контрола едноставно со   додавање на радио контрола на вилушкарот, или со целосна интеграција во  Вашиот ERP-систем со мрежа на складирање. 

Разликата е во деталите... 

  • контрола на светло – се пали само во отворен коридор - штеди електрична енергија
  • програмиран налог - отвора претходно избрани коридори - штеди време
  • ноќна позиција - ја подобрува циркулацијата на воздухот - зачувува стоки
  • позиционирање на прскалки - режим за заштита од пожар - дополнителна безбедност
  • позиционирање на стоки - повеќе коридори делумно отворени за пристап - лесно бирање
  • далечински управувач - брзо и лесно ракување - побрзо подигање на FLT

И сè за продавници со ниска и нормална температура, MOVO е оперативно безбеден на температури од -30 Целзиусови степени и може да се користи дури и на -40 степени Целзиусови.

Спецификации

Мобилни системи за складирање на палети

Со повеќе од 9500 инсталации низ целиот свет, DEXION има стекнато искуство во текот на многу децении како инвеститор и производител на мобилни системи за складирање на палети во тешки услови. Врз основа на ова искуство, ние можеме да ги дизајнираме нашите MOVO – мобилни системи за складирање на палети на најоптимален начин за потребите на нашите клиенти.

Подолу напишаното резимето на техничките податоци покажува различни можни апликации.

Димензии и носивост:

  • Носивост: во зависност од системот, до 24 тони
  • Вкупно еден товар: до 800 тони (инсталиран е проект од вакви размери)
  • Должина на количките: до 90м
  • Висина на полиците: до 12m
  • Ширина на гредите: до 5000mm

Контролни функции:

  • Подвижни ленти
  • Радио контрола на работењето
  • Режим на бирање
  • Автоматско светло
  • Два различни позиции на палење
  • Ноќна позиција
  • Циркуларен режим
  • Режим со прскалки
  • WMS- автоматска контрола
  • ERP- автоматска контрола
  • Далечинска дијагностика

     

Безбедност:

За секој коридор:

  • Светлинска бариера на надолжните колички
  • Уред за броење на камиони – вилушкари
  • Звучно предупредување за движење
  • LED- трепкачки светла за време на движење
  • Кочници на секоја количка за вонредни ситуации 

Низ целиот систем:

Во предниот дел на коридорите со полици може да се инсталира светлосна безбедносна бариера на три различни висини.