Складирање на палети во тесни коридори

Опис

Складирање на палети во тесни коридори

Складирање на палети во тесни коридори е опција којашто зачувува простор ако имате лимитиран простор за чување: максимален капаците за складирање, брз пристап до секоја палета и брзо бирање на нарачките директно од полиците.

Главната предност на палетите во тесни коридори е комбинацијата на брзо бирање на нарачките и на најдобро можно користење на просторот. Оваа компактна структура се користи во широк спектар на индустрии каде просторот за складирање е ограничен. Променливата висина и длабочина на полиците и прилагодувањето на висината на потпорните греди обезбедува максимална флексибилност и заштеда на простор, а коридорите може да се поминуваат или со сложувачи за висинско или низинско редење на стоките - за практично складирање со палети и брзо пронаоѓање на нарачките директно од палетите.

Потребни се специјално дизајнирани камиони или кранови за поминување низ тесните коридори, за да се овозможи маневрирање во тесните патеки помеѓу палетите. Опремата за ракување често е високо автоматизирана и се управува  со жица или шини.

Предности

  • 100% пристапност до индивидуалните палети
  • Најдобра конфигурација за максимално складирање, густина и ефикасност
  • Подобро искористување на просторот
  • Дополнителните трошоци за специјален вилушкар камион се надоместуваат  со додадената вредност на подобрување на просторот за користење.
  • Понизок процент на зафатеност на палетите за складирање

Асортиман

Складирање на палети во тесни коридори

Dexion складирањето на палети во тесни коридори оптимално го искористува расположливиот простор за складирање и висината на магацинот (до 12m), истовремено дозволувајќи индивидуален пристап до сите палети.

Тоа ги комбинира брзината на продукцијата и пристапот до индивидуалните палети на системите со прилагодливи полици, но со зголемена искористеност на кубниот расположив простор.

Спецификации

Складирање на палети во тесни коридори

Системите за палети со полици се дизајнирани според стандардизирани димензии на палети, за да се обезбеди оптимална искористеност на слободниот простор.

Постојат три стила на греди; отворени или  затворени кутии со решетки и новиот I-Beam.

  • Висина до 12 метри
  • Носивост повеќе од 20.000 кг
  • Носивост по оддели до 5500 kg
  • Висина на оддели до 3500 мм
  • Ширина на оддели до 5000 мм