Коридори со стандардна широчина за складирање на палети P90

Опис

Коридори со стандардна широчина за складирање на палети P90

Се уште најупотребуваната форма на складирање со палети: Стандардниот распоред на палети на полици нуди неограничен пристап до сите палети. Палетите складирани на полици во широки коридори не подлежат на никакви ограничувања во распоредот и се лесно пристапни во секое време. 

 Придобивки

  1. Совршено прилагодливи
  2. Прилагодување на висина до 50mm
  3. Висина до 30 m
  4. Променлива длабочина и ширина
  5. Погодно за сите видови на материјали за складирање
  6. Според  дизајн стандардите EN, FEM, SEMA, DIN, INSTA

 Дури и во најсовремените дизајни на магацини и складишта, системот со стандардни полици со палети е се уште најупотребуваната форма на складирање палети.

Индустриските компании и фирмите за логистика ја ценат разновидноста на нашиот систем на складирање на палети, коишто можат да се состават како единечни или дупли полици. Достапни се во висина до 30 метри, со различна длабочина и ширина.

Dexion P90 полиците совршено ќе се вклопат во расположливиот простор и се погодни за сите видови на палети – Euro, Chep, за еднократна или повеќекратна употреба, кутии со решетки и канти за отпадоци.

Палетите складирани во полици со широки коридори не подлежат на никакви ограничувања во дизајнот и се лесно достапни во секое време.

Асортиман

Коридори со стандардна широчина за складирање на палети P90

Оптимално прилагодување

Без разлика дали користите Euro, Chep, палети за еднократна или повеќекратна употреба, кутии со решетки и канти за отпадоци за складирање – Dexion P90 складирање на палети лесно се прилагодуваат на форматите коишто Ви се потребни во смисла на ширина, длабочина и висина.

Висока стабилност

Благодарение на особено стабилниот метод на конструкција и високо- квалитетната изработка, полиците со висина до 30 метри и максимална носивост од повеќе од 30 тони, не претставуваат проблем за Dexion P90 системот на складирање на палети. Покрај тоа, сите P90 компоненти се трајно заштитени од корозија за да се гарантира долг век на траење на Вашиот систем - од рамката, па се` до најмалите поединечни делови.

Сеопфатни додатоци

Со вистинските додатоци од нашиот широк асортиман, можете да го прилагодите секој систем со палети на полици совршено за Вашите потреби. Исто така достапни се и различни греди, потпорни агли и полици, како и голем број на безбедносни компоненти.  Покрај тоа, исто така можете да изберете од големиот број на предмети за обележување и опремување на специјалните системи складирање на палети.

Апсолутно свртени кон иднината

Ако треба да складирате различни стоки во иднина, тоа не претставува никаков проблем. Без разлика како ќе се развиваат Вашите побарувања во иднина - P90 системот за складирање на палети ќе се прилагоди за да ги исполни. Со неговиот метод на модуларна конструкција, големината на гредите може да се промени многу лесно. Исто така големиот број на додатоци гарантира совршено опремен систем, дури и кога му е потреба промена.

Спецификации

Коридори со стандардна широчина за складирање на палети P90

Dexion P90 системот за складирање на палети е дизајниран во согласност со стандардните димензии на палети, за да обезбеди максимално искористување на просторот за складирање.

 Постојат три стила на греди за P90 системот за складирање на палети; отворени или  затворени кутии со решетки и еколошкиот I-Beam.

Стандардни димензии:

Длабочина: 800, 1000, 1100, 1200 mm
Должина: од 1500 mm до 5000 mm
Висина: од 1500 mm до 30000 mm

Товар:

Товар по ниво: до 5000 kg
Товар по греда: до 30000 kg

Завршетоци:

Вертикали: пред-поцинкувани
Греди: пред- поцинкувани или фарбани
Додатоци: пред- поцинкувани или фарбани

  

Може да се произведат и други димензии на Dexion системите за складирање на палети согласно барањата на клиентите или на проектот.