Систем за пренос на палети (Shuttle систем)

Опис

Систем за пренос на палети (Shuttle систем)

Dexion системот за пренос палети е полуавтоматско решение за складирање и обработка на стоки во канали, слични на drive-in поставките. Системот на Shuttle палетија елиминира потребата вилушкарите да влегуваат во коридорите, а со тоа нуди ефективно и брзо решение заскладирање.

  • Ефикасен систем за компактно складирање за магацини со ниско ниво на SKU
  • Оптимизација на чување и време на утовар и растовар
  • Ниско ниво на ризици или стрес на оперативниот персонал во магацинот
  • Ниско ниво на ризик или оштетување на опремата - машини за утовар и полици, благодарение на утоварот пред магацинот
  • ја отстранува потребата за специјалистички вилушкари

Целото ракување со стоката во каналите се врши со помош на системот на Shuttle палети кој далечински се контролира од страна на корисникот. Ракувањето со палетите надвор од решетката се спроведува со користење на стандардни вилушкари. Со ова, се отстранува потребата вилушкарите да влегуваат во каналите за складирање.

Палетите се ставаат на шатл (количка – палета на батериски погон) кој ги пренесува палетите до полиците.

Системот на пренос на палети може да работи или како FIFO или како LIFO, па тоа е многу ефикасна алтернатива за Live складирање и Drive-In складирање во ситуации како што се:

  • Складирање во ладилници
  • Производство на храна
  • Преработка на месо
  • Производство и дистрибуција на пијалоци
  • Сите Drive-In / Drive-Through корисници на палети со полици

Асортиман

Систем за пренос на палети (Shuttle систем)

Dexion системот за пренос на палети ќе Ви заштеди и време и простор, што во современиот свет којшто се движи многу брзо значи и заштеда на пари.

Заштедете време + заштедете простор = заштедете пари

Постојат многу предности на  Shuttle системот: 

  • Зголемување на капацитетот на магацинот
  • Оптимизација на фазите на складирање, утовар и растовар
  • Голема работна брзина
  • Добра сигурност (минимум одржување за Autosat® шатлот и речиси никакво за полиците)
  • Намалување на бројот на оператори
  • Намалување на бројот на потребни вилушкари 
  • Нема потреба од специјализирани вилушкари
  • Намалување на оперативните трошоци

Заштедата на времето е очигледна, затоа што вилушкарите не мора да влегуваат во каналите за складирање. Времето потребно за совршено позиционирање на палетите на површината за селектирање или за нивно земање автоматски се управува од страна на системот на Shuttle палети, а со тоа брзината значително се зголемува. 

Заштедата на простор е важна. Бидејќи вилушкарите не влегуваат во коридорите, сите канали може целосно да се искористат, со што се добива дополнителен простор за складирање. Системот на Shuttle палети нуди висока густина и поефикасен метод на складирање.

Спецификации

Систем за пренос на палети (Shuttle систем)

Shuttle системите се напојуваат со литиум- јонска батерија и овозможуваат висока густина на чување на материјали натоварени на палети во drive-in стил на систем на полици. Позициониран во канал, шатлот може да зема, става и да реорганизира палети со голема прецизност.

Shuttle системот автоматски ќе се врати во својата појдовна точка откако  ќе почне да се празни батеријата, овозможувајќи му на оперативното лице да инсталира замена на батеријата или да ја замени со втората единица. Ова гарантира дека шатлот нема да запре на половина пат во рамките на системот со полици.

Shuttle системот е CE одбележана машина, произведена и склопена во Италија.

Shuttle системот за палети е достапен во различни модели, дизајнирани за различни конфигурации на палети.

Тој може да се конфигурира за:

  • амбиентална средина (0 до 45 ° C
  • ладна средина (-1 до -30 ° C)  

 

МОДЕЛИ НА SHUTTLE СИСТЕМИ ЗА ПАЛЕТИ:

Модели Макс. Товар(kg) Длабочина на палетата(mm) Ширина на палетата (mm)
SAT.0812.ST.LTH 1500 800 1200
SAT.1210.ST.LTH 1500 1200 1000
SAT.1012.ST.LTH 1500 1000 1200
SAT.1111.ST.LTH 1500 1100 1100
SAT.1112.ST.LTH 1500 1100 1200
SAT.1165.ST.LTH 1500 1165 1165
SAT.1212.ST.LTH 1500 1200 1200

 

AUTOSAT ПЕРФОРМАНСИ:

Брзина со товар (m/min) 30-33
Брзина празен (m/min) 63-66
Времетраење на делување (h) 10-12-16

 

БАТЕРИЈА:

Тип Lithium – Ion MNC
Волтажа (V) 24
Капацитет (Ah) 53
Тежина (kg) ~13
Моќност на станицата за напојување (Vac/Hz) EU 240/50
Време на напојување 80% (h) 3
Време на напојување 100% (h) 5.5
Издржливост на батерија (ако се користи правилно) Мин. 900 циклуси на напојување
Број на вклучени батерии 1

 

ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ:

Тип RF
Екран O-Led
Заштита IP65
Моќ Lithium Battery
Батерија којашто се полни 500 mAh – 4.8 V
Mакс. трошење за време на праќање (mA) 55
Mакс. трошење за време на примање  (mA) 50
Се исклучува при неупотреба (мин.) 3
Издржливост на батерија (на 20°C) континуирана употреба (h) континуирано 10 h
исклучена 1300 h