Push Back колички

Опис

Push Back колички

Push Back системот нуди густо складирање каде што е потребен брз и едноставен пристап до товарот. Палетите се утоваруваат во системот со телескопски колички (вагонети); секоја количка ја бутка наредната од палетата којашто доаѓа.

Може да се складираат две, три или дури четири палети во длабочина. Палетите се утоваруваат и истовараат од иста површина, со што се намалува растојанието што треба да го помине камионот и се намалува времетраењето на циклусот.

Натоварените колички се враќаат до полицата од каде што е истоварена претходната палета. Уникатниот дизајн на Speedlock количките овозможува различни видови на палети и производи, вклучувајќи и неквалитетни палети, да се чуваат на истата полица, дури и во истата патека. Достапен е голем број на големини на колички, за да одговараат на сите типови и големини на палети. Количките се кодирани по боја, што помага при идентификација на товарот, а единствениот дизајн на мулти тркала овозможува количките да се движат непречено и сигурно, дури и во тешки услови на ладилници.

Push-back-от, исто така, може да се користи за да обезбеди дополнителен простор за складирање во спротивно неупотребливи области како што се вкрстените патеки или непристапните делови околу пристаништа. Кога целосно ќе се искористи, може да се постигне многу висок процент на зафатеност во споредба со drive-in редење или блок редење.

Предности

  • Брз и лесен пристап до сите ленти за складирање
  • Максимално искористување на простор
  • Погоден за масовно складирање / ладилници
  • Палетите автоматски се поставени на решетката за селектирање
  • Достапни по принципот последни внатре-први надвор (LIFO)

Асортиман

Push Back колички

Достапни се различни големини на колички, за да одговараат на сите типови и големини на палети.

Количките се кодирани по боја, што помага при идентификација на товарот, а единствениот дизајн на мулти тркала овозможува количките да се движат непречено и сигурно, дури и во тешки услови на ладилници.