Со усвојување на одржливи практики и стремеж кон постојано подобрување на влијанието кое го имаме врз околината нашите напори се наградени со ISO 14001 акредитацијата. Веруваме дека преземањето одржлив пристап има позитивно влијание врз нашето работење и ја подобрува профитабилноста со постигнување на основа за пониски трошоци, подобри односи со акционерите и поголема иновативност.
Се грижиме за тоа да нашите вработени бидат свесни за влијанијата на нивните дела врз животната средина и бараме секој вработен да делува на еколошки одговорен начин. Од нив се бара да придонесуваат за одржливоста на Компанијата со поефикасно користење на енергија, вода и суровина, на тој начин оптимизирајќи ја нашата употреба на природни ресурси.
Нашата одлука да го постигнеме меѓународниот менаџмент стандард ISO 14001 ја покажува нашата посветеност на намалување на јаглеродните емисии. Оваа акредитација обезбедува јасна и ефективна работна рамка за управување со придржувањето и идентификување на идни можности за подобрување.
Нашите основни производи во најголем дел се направени од челик, еден од светски најрециклираните суровини, сепак за време на производните процеси некоја количина неизбежно се генерира. Така, се грижиме отпадниот материјал да се враќа на повторна обработка и сите производи се рециклираат, каде што е тоа можно.