Подвижен систем со рафтови- Hi280
Системот со рафтови е монтиран на подвижни единици кои се продвижуваат низ решетките, овие подвижни единици одговараат на должината и ширината според стандардните големини на системот Hi280.
Системот со компактни рафтови може да создаде многу безбедно складирање кога подвижните единици ќе се заклучат заедно и кога пристап до нив има само едно лице кое што го има кодот кој ќе го отклучи системот.
Подвижните рафтови Hi280 може да се применуваат за складирање мали делови, кутии и гуми.
Подвижниот систем HI280 е произведен со претходно поцинкован челик за рафтовите додека подвижните делови се направени од челик обложен со епоксид. Подвижната база се движи низ решетките и кога се положени на подот или намонтирани директно на врвот на постоечката површина. И покрај големата носивост, до 15 тони, ред рафтови може многу лесно рачно да се помести.
Широкиот спектар додатоци во системот со рафтови HI280 овозможува компактната инсталација лесно да се конфигурира.
Електронски опции се достапни со “контрола на допир”; со благ допир на копчето на контролната табла е се што е потребно за да се отвори бараниот рафт.
Максимално товарење во еден ред кога рачно се придвижуваат рафтовите изнесува 40 тони. Еднакво на блок од 20 полици товарени платформи со 2000kg на секоја од нив.
Ред рафтови може да биде изграден од 1000 до 3000mm висина и длабочина од 300-500mm. Капацитетот за товарење на еден рафт изнесува 75kg до 400kg. Оперирање со инсталацијата со компактно складирање може да се врши или рачно или електронски со контролна табла осетлива на допир. Премините помеѓу деловите можат да бидат обезбедени со автоматско осветлување кое што го осветлува само отворениот премин. Целосната инсталација може да биде опремена со систем за достапност.